Членката на Металург Автокоманда, Анастасија Трпеска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 7. коло од плеј-оф фазата.
Кружниот напаѓач одигра одлично на гостувањето кај Вардар и натпреварот го заврши како прв стрелец, имаше осум реализации.
Трпеска на гласањето доби околу 55% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров со 43%.
Во конкуренција за ѕвезда на 7. коло од плеј-офот во Женската лига беше и голманката од Чаир, Магдалена Којовиќ.