Ракометарката на Скопје, Нина Неделковска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 6. коло во Женската лига.
Неделковска, која секогаш е меѓу најефикасните во составот на Скопје, со 13 погодоци го предводеше својот тим до победа над Спартак.
Членката на Скопје немаше голема конкуренција во гласањето и освои околу 60% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
На второто место заврши искусната Марина Митоска од Стружанка. Голманката имаше околу 27% на анкетата.
Во конкуренција за ѕвезда на 6. коло беше и Ангела Јанкуловска од Ѓорче Петров.