Ракометарката на Пелистер, Анастасија Тодоровска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 6. коло во Супер женската лига.
Битолчанката имаше одлична партија на натпреварот кој нејзиниот Пелистер го доби против Спартак на домашен терен.
Тодоровска го освои првото место откако доби околу 49% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Ризоска освои околу 40%.
Во конкуренција за ѕвезда на 6. коло беа членките на Чаир, односно Ѓорче Петров, Хана Мифтари и Емилијана Ризоска.


























