ЅВЕЗДА НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – СТЕФАНИ РИСТИЌ (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Стефани Ристиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 6. коло од плеј-оф фазата.

Средниот бек на натпреварот против Астибо одигра на посакуваното ниво и зад своето име запиша пет погодоци.

Ристиќ на гласањето доби околу 60% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Ивана Дежиќ од Ѓорче Петров со 23%.

Во конкуренција за ѕвезда на 6. коло од плеј-офот во Женската лига беше и ракометарката на Куманово, Сара Цветановска.