Членката на Куманово, Марија Јовановска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 5. коло од плеј-оф фазата во единственото женско сениорско натпреварување.
Младата голманка беше на висина на задачата на натпреварот против Астибо и зад своето име запиша 12 интервенции.
Јовановска на гласањето доби околу 36% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Ивана Дежиќ од Ѓорче Петров со 33%.
Во конкуренција за ѕвезда на 5. коло од плеј-офот во Женската лига беше и ракометарката на Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска.