Ракометарката на Вардар, Андреа Илиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 4. коло во Супер женската лига.
Голманката на вардарки имаше одлична партија на тешкото гостување во Куманово, каде што нејзиниот тим славеше минимално.
Илиќ убедливо го освои првото место, откако доби околу 79% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 4. коло беа членките на Чаир, односно Ѓорче Петров, Рона Мифтари и Стефанија Ѓорѓиевска.