ЅВЕЗДА НА 3. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – КРИСТИНА КУЗМАНОВСКА МЛАДЕНОВСКА (АСТИБО)

Ракометарката на Астибо, Кристина Кузмановска Младеновска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 3. коло во Супер женската лига.

Голманката на „амазонките“ имаше одлична партија во второто полувреме на дуелот со Пелистер што нејзиниот тим го доби минимално.

Кузмановска Младеновска убедливо го освои првото место, откако доби околу 79% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 3. коло беа членките на Чаир, односно Металург Автокоманда, Марија Николовска и Марија Јанкуловска.