ЅВЕЗДА НА 20. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – СИМОНА ГРУЈОВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Симона Грујовска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 20. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Голманката беше меѓу најзаслужните за триумфот на нејзиниот тим против шампионот Ѓорче Петров и тоа на негов терен.

Грујовска на гласањето доби 82% од гласовите на читателите на 24Ракомет и беше далеку напред пред конкурентките.

Во конкуренција за ѕвезда на 20. коло од плеј-офот беа и ракометарките на Чаир (Стефанија Ѓорѓиевска) и Куманово (Росана Павлова).