Членката на Вардар, Леона Миленкоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 19. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Левото крило беше меѓу најзаслужните за триумфот на нејзиниот Вардар против штипски Астибо и постигна девет погодоци.
Миленкоска на гласањето доби околу 55% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека имаше голема конкурентка во Марија Јанкуловска.
Ракометарката на Металург Автокоманда освои 43% од гласовите, додека во конкуренција за ѕвезда на 19. коло од плеј-офот беше и членката на Ѓорче Петров, Ана Вранчиќ.