ЅВЕЗДА НА 18. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – БОРЈАНА КОЦЕВА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Борјана Коцева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 18. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Македонската репрезентативка беше меѓу најзаслужните за триумфот на нејзиниот Металург Автокоманда против Куманово.

Коцева на гласањето доби околу 76% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Катерина Дамјаноска од Ѓорче Петров со 15%.

Во конкуренција за ѕвезда на 18. коло од плеј-офот беше и членката на Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска.