Членката на Чаир, Теодора Дукоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 17. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Левораката стружанка беше најдобра на теренот и најзаслужна за триумфот на Чаир кај Куманово со 12 погодоци.
Дукоскa на гласањето доби околу 61% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Mарија Јанкуловска од Металург Автокоманда со 34%.
Во конкуренција за ѕвезда на 17. коло од плеј-офот беше и членката на Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска.