ЅВЕЗДА НА 14. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – АНДРЕА ИЛИЌ (ВАРДАР)

Ракометарката на Вардар, Андреа Илиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 14. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на гостувањето кај Астибо во Штип и беше меѓу клучните ракометарки за победата.

Илиќ го освои првото место откако доби околу 71% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Марија Јанкуловска освои околу 23%.

Во конкуренција за ѕвезда на 14. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Куманово, Марија Јанкуловска и Аманда Стеин.