Screenshot

ЅВЕЗДА НА 13. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – САРА КОТЕВСКА (ПЕЛИСТЕР)

Ракометарката на Пелистер, Сара Котевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 13. коло во Супер женската лига.

Битолчанката имаше одлична партија на дуелот меѓу Спартак и нејзиниот Пелистер и беше меѓу најдобрите со пет гола.

Таа го освои првото место откако доби околу 83% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Марија Јанкуловска освои околу 12%.

Во конкуренција за ѕвезда на 13. коло беа уште и членките на Металург Автокоманда и Чаир, Марија Јанкуловска и Хана Мифтари.