Левото крило на Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 12. коло во Супер женската лига.
Ризоска имаше одлична партија на дербито меѓу шампионот Ѓорче Петров и Металург Автокоманда и беше најефикасна со осум гола.
Таа го освои првото место откако доби околу 45% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Габриела Величковска освои околу 32%.
Во конкуренција за ѕвезда на 12. коло беа уште и членките на Чаир и Куманово, Габриела Величковска и Маријана Азеведо.

























