ЅВЕЗДА НА 11. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИВОНА ТРПЕВСКА (ВАРДАР)

Ракометарката на Вардар, Ивона Трпевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 11. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

За репрезентативката на Македонија ова е прво признание во новата натпреварувачка сезона.

Десното крило на „црвено-црниот“ тим во дуелот против Спартак постигна дури 17 погодоци и беше меѓу најзаслужните за освоените бодови.

Трпевска на анкетата го освои првото место, доби околу 55% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров со 21%.

Во конкуренција за ѕвезда на 11. коло беше и ракометарката на Куманово, искусната Габриела Величковска.