Левото крило на Вардар, Леона Миленкоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 11. коло во Супер женската лига.
Миленкоска имаше одлична партија на натпреварот кој нејзиниот тим го доби против Куманово на домашен терен.
Таа го освои првото место откако доби околу 54% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Сара Миновска освои околу 42%.
Во конкуренција за ѕвезда на 11. коло беа уште и членките на Металург Автокоманда и Ѓорче Петров, Сара Миновска и Стефанија Ѓорѓиевска.


























