Членката на Вардар, Сара Богојеска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 11. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Прилепчанката блескаше во дуелот со Куманово и десет пати се запиша во листата на стрелците, а зад своето име имаше и неколку асистенции.
Богојеска на гласањето доби околу 68% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Стефни Ристиќ од Металург Автокоманда со 30%.
Во конкуренција за ѕвезда на 11. коло од плеј-офот беше и Ивана Дежиќ од Ѓорче Петров.