ЅВЕЗДА НА 10. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (АСТИБО)

Бекот на штипски Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 10. коло во Супер женската лига.

Анчева имаше одлична партија на натпреварот кој нејзиниот тим го доби против Пелистер на гостински терен и постигна клучни погодоци.

Таа го освои првото место откако доби околу 47% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Сара Миновска освои околу 27%.

Во конкуренција за ѕвезда на 10. коло беа уште и членките на Металург Автокоманда и Ѓорче Петров, Сара Миновска и Емилијана Ризоска.