ЅВЕЗДА НА 1. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (АСТИБО)

Ракометарката на Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 1. коло во Супер женската лига.

Левиот бек на штипскиот тим ја стартуваше новата сезона со одлична партија и имаше дури 19 реализации против Спартак.

Штипјанката убедливо го освои првото место, откако доби околу 89% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 1. коло беа членките на Ѓорче Петров, односно Чаир, Катерина Дамјаноска и Билјана Дамчевска.