Членката на Металург Автокоманда, Марија Јанкуловска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 1. коло од плеј-оф фазата во единственото женско сениорско натпреварување.
Младата ракометарка одигра одлично во Штип против Астибо и зад своето име запиша девет погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите колешки.
Битолчанката на гласањето доби околу 53% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Ивана Дежиќ и Марија Јовановска имаа по 24%.