Иако ослабена, селекцијата на Словенија оствари одлични резултати и досега запиша четири победи и еден пораз на ЕП.
Избраниците на Урош Зорман ги победија Црна Гора, Швајцарија, Фарски Острови, а последната жртва беше селекцијата на Унгарија.
Зорман вели дека е лесно да се биде предводник на ваква група на момци.
„Ниту еден натпревар не е лесен за водење, но е лесно да се биде тренер на ваква екипа. Горд сум на момците. Тоа е нешто што на секој тренер му носи задоволство, особено кога се работи за својата татковина и за државниот грб. Ние не сме репрезентација на тоа ниво за да можеме некого да совладаме со десет разлика. На секој натпревар мораме да дадеме сè од себе и да се бориме до последниот атом сила за да стигнеме до успехот. Од другата страна беше цврстата Унгарија, со многу високи и снажни ракометари, а ние сме помали и токму затоа потрошивме многу енергија. Сепак, добро ротирававме и не ги исцрпивме целосно носителите на играта според минутите поминати на терен. Имаме ширина во ростерот и тоа уште еднаш се покажа. Следниот натпревар не очекува во вторник, имаме малку време за одмор. Она што го потрошивме ќе се обидеме да го надоместиме“, изјави Зорман.
Словенија има четири бода, исто колку Шведска, Хрватска и Исланд, па и натаму е во игра за место во полуфиналето на ЕП.
























