Во Копер в недела ќе се одигра вториот меѓусебен натпревар меѓу Словенија и Македонија од квалификациите за ЕП 2026.
Селекцијата предводена од Урош Зорман, која славеше со 32-26 во Скопје, ќе има шанса со нова победа да се пласира на континенталниот собир на две кола пред крајот.
Селекторот Зорман вели дека има простор за напредок во играта.
„Секогаш има простор за напредок, и покрај нашата добра партија во Скопје. Утре сакаме да надоградиме тоа што направивме на гостински терен. Салата во Копер е распродадена. Во Словенија тоа не се случило многу одамна, па затоа сме навистина среќни. Луѓето доаѓаат на натпреварот поради нас, па не сакаме да ги разочараме нашите навивачи“, вели Зорман.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во салата „Бонифика“ в недела со почеток во 18:30 часот.