Зорман не спие мирно пред Македонија – му откажаа уште тројца!

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Словенија, Урош Зорман, се соочува со сериозни проблеми пред двомечот со Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Словенија ќе биде значително ослабена за дуелите со нашата репрезентација, бидејќи уште тројца ракометари му откажаа настап на селекторот Зорман.

Станува збор за Ник Хенигман, Миха Кавчиќ и Тадеј Кљун. Првите двајца нема да настапат поради повреди, додека Кљун не успеа да ја добие битката со времето поради проблеми со грбот.

Како што е познато, Зорман веќе не може да смета ниту на Миха Зарабец, како и на Нејц Цехте, Клемен Ферлин, Борут Мачковшек, Митја Јанц…

Македонија и Словенија ќе го одиграат првиот натпревар во Скопје на 12 март, во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 20:00 часот, додека реваншот е закажан за 16 март во „Бонифика“ во Копер, со почеток во 18:30 часот.