Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, мораше да повика нов ракометар во националниот тим.
По повредата на десниот бек Нејц Цехте, за кого е завршен Мундијалот, Зорман реши да го повика поранешниот капитен Јуре Доленец.
По крајот на Олимписките игри во Париз, Доленец најави репрезентативна пензија, иако Зорман потоа го стави на поширокиот список за СП 2025.
Тој веднаш ќе се приклучи на своите колеги во Загреб и ќе биде во конкуренција за натпреварите против Хрватска и Египет.
Словенија има четири бода и ја продолжува борбата за четвртфиналето на Мундијалот.