Словенечкиот шампион Слован Љубљана го посакува искусниот Борут Мачковшек за наредната сезона.
Договорот на Мачковшек со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед истекува на лето и најверојатно нема да биде продолжен.
Левиот бек се наоѓа на листата на можни засилувања за Слован Љубљана и Урош Зорман, пишува „Handbalia“.
Мачковшек долго време настапува во Унгарија, го носеше претходно и дресот на Веспрем, а настапуваше за Монпелје, Динамо Минск, Целје, Марибор, Хановер, Ајзенах…


























