Искусното лево крило Зоран Стојановски во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата и се сели во Богданци.
Стојановски е на добар пат да го засили амбициозниот прволигаш Младост Богданци, кој посакува камбек во елитната конкуренција.
Велешанецот минатата сезона беше меѓу најдобрите играчи во Борец ФЛ, но тој клуб веќе не постои, па Стојановски побара нова средина.
Тој освен во Борец ФЛ, но и во матичниот Борец, настапуваше за екипите на Голден Арт, Радовиш и Тиквеш.
Претходно богданчани го донесоа тренерот Горан Андоновски, како и Никола Димитров, Даниел Андоновски, Никита Соколов, Гоце Аргиров, Лазар Адамовиќ и Кристијан Костадиновски.