Зоран Спиркоски е нов тренер на Деспина, Гичева негов асистент

Прилепскиот тим Деспина во новата сезона ќе влезе со нов предводник – Зоран Спиркоски, кој го наследи Адријано Котевски на клупата.

Спиркоски за првпат ќе работи со сениорската екипа, откако претходно има искуство од работата со кадетките на Деспина.

Прилепчанки ги започнаа подготовките за новата сезона во прволигашкото друштво, иако подоцна од планираното.

Најискусната Мери Гичева, остана верна на клубот и ќе игра и наредната сезона, а покрај улогата на теренот, таа ќе биде асистент на Спиркоски.

Од клубот заминаа Конеска, Бундоска, Чурлиновска, Думбалоска…во Прилеп остануваат Ивона Ристевска, Матеа Христоска, Анастасија Јованоска, Магдалена Ѓорѓиоска, Деспина Пајкаровска, Евгенија Илиева, Ивана Спасеска, а во клубот се вратија Мери Спиркоска и Весна Христоска.

Во првото коло од прволигашката конкуренција Деспина ќе гостува кај Шампион.