Тимот на Феризај, кој од клупата е предводен од македонскиот стратег Зоран Петковски, е лидер на табелата во косовскиот шампионат.
Во петтото коло, тимот на Феризај во драматичен натпревар на домашен терен успеа да ја совлада Самадреџа со 33-32.
Сега клубот на Петковски има пет победи на пет натпревари и се наоѓа на првото место на табелата со десет бода.
Исто толку има и актуелниот првак Истогу, но тие имаат одиграно натпревар плус, на кој беа поразени.
Феризај со Петковски на клупата на стартот на сезоната го освои трофејот во Супер Купот на Косово, а сега најавува кандидатура и за шампионската титула.
И во машкиот шампионат на Косово, лидер е тимот на Раховец, кој исто така е предводен од македонски стратег, Горан Андоновски.