Зоран Петковски ќе работи во женскиот ракомет – ќе го води косовскиот Феризај

По Горан Андоновски, уште еден македонски стратег во претстојната сезона ќе работи во косовоскиот ракомет.

Зоран Петковски за првпат ќе се проба во женскиот ракомет и ќе го води вицепрвакот на Косово, Феризај.

Популарниот Зенга по 25 години минатата сезона го заврши престојот во Вардар, каде работеше во младинските категории, а претходно беше активен и како играч.

Феризај покрај на домашната, ќе биде активен и на меѓународна сцена, во Европскиот Куп, каде ќе се сретне со шпанскиот Ваљадолид.