Зоран Петковски има старо-нов предизвик во тренерската кариера

Легендарниот македонски голман, а сега тренер – Зоран Петковски, одново ќе работи во женскиот ракомет.

Откако минатата сезона имаше одличен скор со косовскиот тим Феризај, од оваа сезона одново ќе работи со овој тим.

Петковски минатата сезона за првпат реши да се проба во женскиот ракомет и веднаш освои трофеј во Супер Купот на Косово, а имаше настапи и во ЕХФ Европскиот Куп.

Популарниот Зенга по 25 години во 2023 година го заврши престојот во Вардар, каде работеше во младинските категории, а претходно беше активен и како играч.

Сега Петковски се враќа во позната средина и ќе има шанса одново да се проба на домашна сцена во Косово и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.