Поранешниот македонски репрезентативец Златко Даскаловски реши да стави крај на играчката кариера на 41 година!
Стружанецот по настапите за клубот од родниот град, седум сезони го бранеше голот на Вардар, во 2012 една сезона беше дел од Пролет, а потоа имаше две сезони искуства во турската Анкара и црногорскиот Ловќен.
Се врати во Македонија, една сезона беше дел од „црвено-црниот“ тим, a најголема трага во странство остави во романскиот Темишвар, каде бранеше четири години.
Патот го однесе и во францускиот Стразбур, а потоа следуваше камбек во Македонија. Две сезони беше дел од Бутел Скопје, па три од Голден Арт, а од 2024 е дел од Пролет.
Во овој клуб ја завршува играчката, а ја почнува тренерската кариера и ќе му биде асистент на Доне Мајнов на клупата на Пролет. Клубот покрај нив двајца, остана и без Марко Трајковски, Стефан Јовевски и Марко Мишевски.
























