Репрезентацијата на Франција не дозволи да биде изненадена во последното коло од групната фаза и триумфираше над Македонија со 32:25.
За Франција ова беше 6-та победа на Мундијалот, а селекторот Гијом Жил го сподели импресиите по победата над нашиот состав.
,,Бидејќи ние секако бевме пласирани во четвртфиналето, се обидов да им дадам шанса на сите, но одигравме според посакуваното, иако не бевме на ниво, сепак, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар. Македонија расте од година во година, тоа е очигледно, има голем напредок во играта и верувам дека ќе бидат подобри во иднина, имаат млади и квалитетни играчи”, изјави Жил.
Франција во својата историја на Мундијалите има шест златни медали, а на ова СП, на кое е еден од фаворитите, ќе атакува на седмо злато.