Селекторот на Франција, Гијом Жил, е задоволен од изданието на неговите избраници на пријателскиот натпревар со Романија.
Противникот на Македонија на ЕП 2024 година славеше против Романците со 40-21, а Жил објасни дека на неговите играчи им недостигал националниот дрес.
„Чекавме шест месеци за одново да го облечеме репрезентативниот син дрес. Ние долго време немавме акција. Работевме сега на тоа играчите пак да ја вратат сплотеноста. Поминавме многу време заедно. Ние ги направивме Романците слаби благодарејќи на нашата игра. Ракометарите сфатија дека местото во репрезентацијата е ‘скапо’, вели Жил.
Франција ќе биде прв ривал на Македонија на претстојниот континентален собир во Германија и двете репрезентации ќе играат на стадионот во Диселдорф.