Селекторот на машката француска репрезентација, Гијом Жил, го скрати списокот на ракометари пред Олимписките игри во Париз.
Од комбинација за настап на ОИ отпаднаа Кентан Мае, Беноа Конку, Тибо Брие и Тимоти Н’Гесан.
Останаа 17 ракометари, меѓу кои се три голмани – Беласен, Дебоне и ветеранот Жерар, но и четворица пивоти – Карабатиќ, Фабрегас, Конан и Турна.
Пред стартот на натпреварите ќе има уште еден рез, бидејќи само 14 ракометари може да настапат, па ќе видиме кои тројца ќе одат во резерви.
Машкиот турнир на Олимписките игри стартува на 27 јули.