Жил може да здивне – Мем и Пранди ќе играат на Мундијалот!

Селекторот на машката репрезентација на Франција, Гијом Жил, може да здивне пред почетокот на Светското првенство.

Во стројот се враќа Дика Мем, а за десниот бек и неговиот клуб Барселона потврди дека тој по операцијата е подготвен порано од предвиденото да заигра.

Покрај Мем, Жил ќе може да смета и на левиот бек Елохим Пранди. Според „Лекип“, и Пранди е подготвен за враќање на тренинзите.

Сепак и да играат, прашање е дали двајцата важни ракометари ќе влезат во потребната форма за големо натпреварување.

Претходно од списокот отпаднаа десното крило Јанис Лене, како и средниот бек Кентан Мае, додека под знак прашалник останува левото крило Уго Деска.

Франција е во група со Катар, Кувајт и Австрија, а најдобрите три од оваа група ќе вкрстат од најдобрите три меѓу Македонија, Холандија, Унгарија и Гвинеја,