Женскиот Куп ќе се игра во Радовиш – познати се полуфиналните двојки

Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се игра во салата „25 Мај“ во Радовиш на 30 и 31 мај.

Ждрепката за полуфиналето сакаше актуелниот бранител на трофејот, Ѓорче Петров да се сретне со Вардар.

Во второто полуфинале, кое се очекува да биде возбудливо, ќе играат екипите на Чаир и Металург Автокоманда.

Полуфиналните средби ќе се играат на 30 мај, додека финалето е закажано за 31 мај, а саатниците ќе бидат дополнително потврдени.