Женска лига се дели на две лиги – Супер лига и Прва лига

Во новата сезона Женската лига ќе се игра во две квалиттени групи, односно ќе има Супер лига, како најквалитетна и плус Прва лига. Така решија клубовите на Конференцијата одржана во Скопје.

Од деветте клуба присутни, осум гласаа ЗА оваа одлука, и само еден клуб беше ПРОТИВ. Уште лани клубовите имаа договор да се примени оваа стратегија, со цел подигање на квалитетот и имање на повеќе дерби средби, а сега и формално тоа го изгласаа.

Во Супер лигата би требало да играат првите осум екипи од првенството што неодамна заврши – Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо, Спартак и Пелистер.

Во Прва лига би требало да играат Деспина, Овче Поле, Ѓорче Петров 2, Стружанка, Шампион како и новонајавените екипи за следната сезона, а би требало да има најмалку три такви.

Ќе има испаѓање од Супер лигата, и влегување од Прва лига во повисок ранг, а ќе има и други новини, во однос на плаќање на судиите, но и подгнување на стандардите за играње на мечевите од Супер лигата.

Откако ова го изгласаа клубовите, сега РФМ ќе изготви Предлог Пропозиции кои набрзо ќе бидат разгледани од екипите и откако ќе бидат прифатени ќе се изврши и ждребање на натпреварувачките броеви, па ќе биде познат календарот.