По словенечкиот лев бек Ник Хенигман, уште еден ракометар стави потпис на договорот за наредната сезона.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски и наредната сезона ќе биде дел од Еурофарм Пелистер, откако се договори со шампионот за соработка на уште една сезона.
„Срцето“ на нашиот проект и во иднина ќе бидат квалитетни македонски репрезентативци, кои и, како и во цела наша историја, ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Во тој правец со гордост го објавуваме потписот на нов договор на кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со нашиот клуб ќе продолжи и во иднина. Неговото доаѓање во Битола се поклопи со трофејниот период и растот на клубот. Затоа заедно ќе водиме нови предизвици и ќе освојуваме нови трофеи во иднина“, се вели во објавата на клубот.
Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, репрезентативниот пивотмен настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.
























