Тимот на Шаржа од Обедините Арапски Емирати е нов шампион на Азија, откако во финалето беше подобар од минатогодишниот првак Ал Калеј со 27-26.
Иако губеше со три гола на пет минути до крајот, 26-23, Шаржа предводена од екс бомбардерот на Металург, Жарко Марковиќ, направи херојски пресврт.
Ал Калеј не реализираше ниту еден напад до крајот на натпревар, а за Шаржа погодија Ал Мазми, Санаи, а последните два гола беа дел на Марковиќ.
Десниот бек Марковиќ беше најдобар стрелец на теренот и успеа да погоди девет пати, додека Санаи даде седум.
Во составот на Ал Калеј, каде има исто така екс член на Металург, Немања Младеновиќ, се истакна Ал Сајад со шест погодоци.
Третото место и бронзениот медал го освои тимот на Ал Духаил со триумфот над Казма од Кувајт, а во стручниот штаб на Ал Духаил работи Петар Мисовски како тренер на голманите.