Руската суперлигашка конкуренција во продолжение од сезоната ќе биде посиромашна за еден клуб.
Тимот на Вороњеж ја извести руската федерација дека престанува да постои поради финансиски проблеми и сите вработени, играчи и стручен штаб, веќе се слободни да си побараат нови средини.
Овој клуб е наследник на Енергија Вороњеж, каде што меѓу другите играше и некогашниот лев бек на Вардар и на руската репрезентација, Алексеј Растворцев.
Во оваа сезона таму играат двајца Срби – Лазар Миниќ и Александар Вујниќ, кој во минатото беа дел од Вардар Неготино, односно Радовиш.
Руската лига ќе продолжи со 11 клуба.