Тимот на Кил во натпревар од 3. коло од Бундес лигата славеше на гостувањето кај Магдебург со 29:24 (16:15) и дојде до втор сезонски триумф.
За Мaгдебург денешниот пораз од „зебрите“ беше втор сезонава, по оној од Фуксе Берлин на стартот од најквалитетната лига на светот.
Избраниците на Филип Јиха посакуваните два бода ги обезбедија со одличната игра во вториот дел кога се одлепија на 28:20 и рутински го финишираа мечот.
Предводник во победничката екипа беше репрезентативецот на Данска, Емил Мадсен, кој постигна девет погодоци, додека Андреас Вулф имаше 14 интервенции.