Управниот Одбор на Ракометната федерација донесе одлука за местото на одржување на завршните турнири од Купот на Македонија.
СЦ „Борис Трајковски“ и Скопје ќе бидат домаќини на четири машки и четири женски екипи кои ќе се борат за трофеите во Купот.
Натпреварите од машкото полуфинале ќе се играат на 17 мај, оние од женското полуфинале се ден подоцна, а двата трофеи ќе се делат на 19 мај.
Кај мажите битката за трофејот ќе ја водат бранителот Вардар, потоа Еурофарм Пелистер, дебитантот на Ф4 – Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда.
Кај дамите, во игра остана актуелниот освојувач на трофејот – Куманово, а на Ф4 се пласираа и Ѓорче Петров, Чаир и Вардар.