Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Скопје ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место, откако Исланд загуби од Португалија со 26:25.
Македонија за да играше четвртфинале, најнапред требаше Исланд да ја победи Португалија што поубедливо, па потоа Македонија да слави над Црна Гора со потребната гол разлика.
Сепак, Португалија им го уништи сонот на избраничките на Дарко Јанев, кои сега ќе се борат да завршат меѓу најдобрите десет репрезентации во светот.
Младинките на Македонија на натпреварот против Црна Гора ќе треба да освојат најмалку бод за да останат на третото место во групата.
Натпреварот со Црна Гора ќе се одигра вечерва со почеток од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.