Заврши сезоната за Теодор Тодески

Левиот бек на Бутел Скопје, Теодор Тодески предвреме ја заврши сезоната, откако го повреди рамото на натпреварот против Вардар во Супер лигата.

Тодески ќе биде надвор од ракометните терени во следните три недели, а тоа значи дека ќе го пропушти финишот на актуелната сезона.

Среќа во несреќа е што нема никаква скршеница, па нема да има потреба од некоја дополнителна интервенција.

Бутел Скопје до крајот на сезона ќе игра на домашен терен против Тиквеш и тимот на Кирил Лазаров, а ќе гостува кај Еурофарм Пелистер во Битола.