Кубанскиот десен бек Куни Моралес ја заврши сезоната, откако повредата на дуелот со Колстад во Лигата на шампионите се покажа сериозна.
Моралес го повреди десното рамо, тоа ќе мора да се реши со операција, па оваа сезона нема да се враќа повеќе на терените.
Хрватскиот првак Загреб ќе мора без некогашниот ас на Вардар да игра во осминафиналето на елитното натпреварување.
Сепак тренерот Андрија Николиќ го има на располагање Лука Ловре Кларица на десната страна, па може да биде помирен пред двомечот со францускиот Монпелје.
37-годишниот Моралес треба да се пресели на крајот на оваа сезона во унгарската Татабања, каде би требало да биде замена за Габор Анчин.