Заврши сезоната за АЕК, Николовска најдобар стрелец против Каматеру

Двете интернационалки од Македонија, Марија Николовска и Драгана Петковска, со пораз ја завршија натпреварувачката сезона во Грција.

Николовска и Петковска, кои настапуваат за тимот на АЕК Атина, заедно со својот во последното коло се соочија со Каматеру.

Последниот ривал на АЕК Атина успеа да ги добие бодовите, триумфираше со пет гола разлика, 26:21.

Бекот Николовска повторно имаше одлична партија и натпреварот го заврши како најдобар стрелец со пет постигнати погодоци.

Бидејќи оваа сезона во грчкиот шампионат нема плеј-оф, тимот на АЕК Атина сезоната ја заврши на 7. позиција.