Заврши ЕП за малерозниот Род, Норвежаните го повикаа Тонесен

Норвешка се пласираше во главната рунда на Европското првенство, но таму нема да пренесе ниту еден бод.

По победата над Полска, Норвежаните ремизираа со Фарски Острови и загубија од Словенија, но го загубија и десниот бек Магнус Род.

Тој има фрактура на метатарсалната коска и за него Европското првенство е завршено, а селекторот Јонас Виле веднаш повика замена.

Кент Робин Тонесен, членот на ПСЖ, ќе му прави друштво на Харалд Рајнкинд на десната бековска позиција.

Тонесен ќе биде во коминација за дуелите од главната рунда со Шведска, Холандија, Данска и Португалија.