Заврши ЕП 2026, ама никој не го сруши рекордот на Филип Талески!

Македонскиот лев бек Филип Талески и понатаму е рекордер на Европските првенства по брзината на шутот.

Ниту по шест години, неговиот рекорден шут со брзина од 141 км/час на мечот против Чешка од ЕП 2020, никој не го сруши, па Македонецот најмалку до ЕП 2028 во Шпанија, Швајцарија и Португалија, ќе биде на врвот во оваа категорија.

На ЕП 2026 што заврши во Данска, Шведска и Норвешка, најсилен шут имаше Германецот Миро Шлуроф со 134.28 км/час.

Претходно, пред две години, Србинот Богдан Радивојевиќ беше прв на листата со 129.5 км/час.

На ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, двајца ракометари беа многу блиску да го срушат рекордот на Талески, но за малку не го направија тоа – Австриецот Никола Билик и Данецот Арон Менсинг кои шутираа со 140 км/час.