Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го имаа првиот тренинг пред продолжението на сезоната во суперлигашкото друштво.
Тренерот Александар Зарков потенцира дека целите подготовки ќе се одработат во Битола, а договорени се и три пријателски средби.
„Комплетните подготовки ќе ги одработиме во Битола. Имаме програма како физички, така и тактички да ја подигнеме екипата. Во текот на подготовките ќе одиграме и контролни натпревари со Прилеп и Младост Богданци. До крајот на првиот дел од шампионатот има уште четири кола, од кои на две мораме да победиме – против Струга и Радовиш. Не зависи се од нас, но шанси имаме. Нашето ќе го направиме на терен, ќе одиграме максимално посветено на сите натпревари и на сите ќе одиме на победа“, изјави Зарков.
Еурофарм Пелистер 2 има 17 бода на седмото место на табелата и останува со шансите доколку Бутел Скопје или Тиквеш направат кикс, младите битолчани да обезбедат место во плеј-офот.























