Старо-новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 имаше победнички старт во новата сезона и славеше кај Прилеп, а сега го очекува голем предизвик – Вардар доаѓа во Битола.
Тренерот Александар Зарков побара поддршка од публиката во „Боро Чурлевски“, која се очекува да им биде ветар во грб на младите ракометри.
„Имавме добри подготовки, остваривме победа во првото коло против тимот на Прилеп. Денес играме против тимот на Вардар, наше е да се бориме, да покажеме дека овој тим знае како се игра ракомет. Ја повикувам Битола, ги повикувам Чкембари да бидат наш осми играч.“, изјави тренерот Зарков.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 се игра денеска во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:00 часот.